×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Fiore

    Споделете го вашето искуство: Има ли злоупотреби со легализацијата на дивоградби во Куманово?

    05.06.2023 15:42 | KumanovoNews

    Почитувани читатели,

    Општина Куманово е една од општините со најголем број дивоградби и со најмногу поднесени барања за легализација на бесправно изградени објекти.

    Споделете го вашето искуство: Има ли злоупотреби со легализацијата на дивоградби во Куманово?

    И покрај тоа што еден дел од дивоградбите се легализирани постојано никнуваат нови. Се добива впечаток дека општината како да нема капацитет да се справи со оваа негативна појава.

    Еден од најголемите проблеми е што Куманово повеќе од 20 години нема нов ГУП,  а посебена приказна се приградските населби кои веќе 10 години се со недефиниран статус и немаат право на легална градба на нови објекти.

    Би сакале да ги слушнеме вашите искуства, со цел да дознаеме со какви проблеми се соочувате при легализацијата,  дали има злоупотреби со бесправно изградените објекти, дали имате проблеми при добивање на дозвола за градба и кои се последиците од  непланската урбанизација на општината.

    Кумановоњуз ве повикува да одговорите на кратката анкета подолу. Одговорите нема да бидат објавени без ваша согласност.