×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Fiore

    Домаќинките имаат тешка работа, нивниот труд треба да биде платен, сметаат жените од нашата анкета

    30.01.2023 15:07 | Жаклина Цветковска

    „Станувам во 4 часот наутро, простирам алишта, се подготвувам за на работа, го будам детето и во 5,15 часот го носам во градинка со автобус. Од 6:00-15:00 часот сум на работа,  а во 16,20 часот го земам детето од градинка и одиме дома. Го преоблекувам, му давам ручек што го подготвуам претходниот ден, па продолжувам со миење садови, вклучување на машина за перење алишта, усисувам, си играм со малото. Потоа, постарото дете доаѓа од училиште, па и нему му подготвувам јадење, пишуваме домашни задачи. Продолжувам со правење ручек за утредента и доручек за постарото дете бидејќи останува само дома наутро. На крајот следува простирање на алиштата , туширање  и заспивање на децата , средување на бањата и конечно во 00:30 по полноќ сум во кревет. Доколку некаде треба да одам, пак, готвам или повеќе или по две јадења одеднаш. И така секој ден... “.

    Домаќинките имаат тешка работа, нивниот труд треба да биде платен, сметаат жените од нашата анкета

    Ова е секојдневието на млада кумановка која сама се грижи за домаќинството и двете деца, бидејќи нејзиниот сопруг работи во странство и доаѓа дома на 3 месеци. Вели дека воопшто нема слободно време, а домашните обврски и одземаат повеќе од 5 часа дневно, најмногу околу грижата и воспитувањето на децата. Се сама завршува, но кога нејзиниот сопруг е тука секогаш ги делат обврските. Сепак, не би ја жртвувала кариерата за да се посвети целосно на домаќинството, иако смета дека трудот на домаќинките што поскоро треба да биде регулиран и платен.

    Нејзиното искуство е само еден пример за макотрпната работа на жените-домаќинки, без оглед дали се вработени или не, кои ги споделија своите оврски во домаќинството  во анкетата што ја спроведе Куманово њуз, со цел да дознаеме колку и како се справуваат со одоворноста што им е наметната според се уште присутната традиционална поделба на женски и машки работи. Тие се единствени во ставот дека се максимално ангажирани во домот и семејството и дека работат од утро до мрак ,а повеќе од една третина нагласуваат дека воопшто немаат слободно време посветено само  на себеси и нивните лични интереси.

    Единствено задоволство се чини им е утринското кафе  кое им служи не само за расонување, туку и како „психолошка“ поддршка да го издржат напорниот ден полн со обврски, а потоа се вклучуваат во „машината“ на вообичаената дневна рутина да бидат успешни мајки, сопруги и домаќинки, а дел од нив, во исто време,  и докажани деловни жени.

    Нивниот ден обично започнува во 6-7 часот наутро и трае  се до полноќ, кога „скапани од работа“ едвај дочекуваат да легнат во кревет и да се наспијт за да го издржат следниот ден.

    „ Имам бебенце од година дена, па денот ми започнува во 7 часот  со подготовка на  млеко,  пресоблекување и играње, доручек за нас и другото дете од 10 години. Подготвувам  ручек за нас и ручек за бебето, а во меѓувреме додека спие ги средувам алиштата за перење,  садовите,  кујната, пеглам. По ручекот повторно следува средување на  садовите и кујната и заспивање на бебето. Додека спие му подготвувам ужинка и вечера. Со постарото детето  учиме, вежбаме за на училиште, му помагам што не му е јасно со домашните. Малечкото ќе стане, па повторно следува јадење, бањање и заспивање во 9 часот. Ние ќе вечераме, ќе ги средам садовите, кујната, дневната и на спиење одам  на полноќ. Преку еден ден имаме прошетка на чист воздух по два часа“, го опишува својот напорен дневен распоред уште една млада мајка.

    Според одговорите на 178 жени вклучени во анкетата, секоја домаќинка има исти обврски: готви, пере, пегла, чисти, ги носи и враќа децата од училиште и курсеви, им помага во домашните задачи. Некои пак, дополнително мора да се грижат и за старите и изнемоштени родители, а доколку се повитални тие им помагаат ним. Домаќинките обично се сами завршуваат, како што одговориле 83,7 отсто, со таа разлика што најчесто вработените не успеваат да ги завршат сите обврски или 53,2 отсто од оние кои одговориле на анкетата. Само мал процент или околу 1% имаат ангажирано лице за помош во домаќинството на кое му плаќаат надоместок.

    Обврските на руралната жена, пак, се уште поголеми поради тоа што селскиот живот дополнително наметнува ангажман околу обработка на нивите и огледувањето добиток.

    „Чувам крави, правам сирење, готвам перам, им помагам на децата во училишните обврски, а летно време работам на нива и во бавча. Буквално се што носи селскиот живот“, вели една  испитаничка.

    Колку одржувањето и грижата за домаќинството се макотрпна и тешка работа најдобро се илустрира од следните примери што ни ги посочија нашите испитанички:

    „Ги извршувам сите домашни обврски, со низа служење и исполнување на желбите и потребите на секој член од семејството“.

     „Подобро ми е кога сум на работа, дома ни кафе не можам да се напијам“.

    Иако најчесто немаат слободно време, кога ќе „украдат“ некој момент за себе , жените –домаќинки  нјачесто го користат за прошетки (26,4%), гледање ТВ (24,7%), читање книги (12,4 %) или дружење и разговор со пријателите.

    И покрај бројните домашни обврски, блузу 40% од анкетираните жени сметаат дека можат да бидат успешни и во кариерата и во домаќинството, а нешто помалку од половината дека тоа е остварливо само делумно.

    Најголемиот дел од нив (95,5%) смета дека трудот на домаќинките треба да биде платен според критериуми условени од обемот на домаќинството и семејната заедница, а дури половина сметаат дека паричниот надоместок треба да е во висина на просечната плата. Сепак,колку и да им е напорно секојдневието, тие  тешко би се одлучиле да го напуштат работното место и да бидат само домаќинки кои ќе добиваат месечен паричен надоместок. Во ваков случај само една петина од испитаничките веднаш  би ја напуштиле работата, 32 отсто не би ја жртвувале кариерата, а околу 35 отсто ќе размислат дали да ја прифатат оваа опција.