×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Fiore

    „Media for All“ – Независното новинарство е важно: Повеќе од 100 професионалци од медиумите од Западен Балкан се собраа во Тирана

    13.03.2023 19:02 | KumanovoNews

    Регионалната конференција „Независното новинарство е важно“, во организација на проектот „Media for All“, се одржа на 9 и 10 март во Тирана. 

    „Media for All“ – Независното новинарство е важно: Повеќе од 100 професионалци од медиумите од Западен Балкан се собраа во Тирана

     Во текот на овие два дена, повеќе од 100 новинари, уредници, меѓународни и регионални експерти и претставници учествуваа во дискусии и панел-дискусии, меѓу кои и новинарката Жаклина Цветковска од Кумановоњуз.

    Воведните говори ги одржаа Миа Марзук, заменичка-шефица на Мисијата на Британската амбасада во Тирана, и Лариса Халиловиќ, експертка за меѓународен развој и лидерка на тимот на „Media for All“.

    Преку разни интерактивни сесии, конференцијата беше фокусирана на прикажување приказни и перспективи на жените и младите во медиумите од Западен Балкан. Новинарите и новинарките ги споделија нивните искуства и приказни за влијанието на проектот постигнато преку обука, менторство и вмрежување и ги истражуваа основните вредности на професионалците од медиумите на локално и меѓународно ниво. Покрај интегритетот, веродостојноста и заштитата на човековите права, беше истакнато дека солидарноста, соработката и емпатијата се од суштинско значење за подобрување на статусот на жените и младите во редакциите и пошироко.

    Конференцијата претставуваше и можност да се истакнат важноста и достигнувањата на медиумите учесници, сериозно посветени на постојано практикување на етичкото новинарство во најдобар интерес на нивните заедници, и покрај предизвиците со кои секојдневно се соочуваат како мали локални медиуми.

    Проектот „Media for All“овозможи поддршка за 139 локални медиуми ширум Западен Балкан во период од три години. Помогна да се изградат вештини, капацитети и издржливост на независните медиуми и оснажи повеќе од 1600 професионалци од медиумите да произведуваат квалитетни, релевантни и родово-сензитивни содржини, што вклучуваат нова и недоволно застапена публика, вклучително жени,  млади луѓе и маргинализирани групи - тие заедно достигнаа публика од 17 милиони луѓе на интернет.

    Програмата „Media for All“ ја финансираше Владата на Обединетото Кралство, а ја спроведе конзорциум воден од Британски совет, во партнерство со Фондацијата „Томсон“, БИРН и ИНТРАК.

    Конференцијата во Тирана беше организирана во партнерство со проектот „Media for Youth“ на Британски совет.