×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Процесот на дигитални административни услуги споро се придвижува

    03.06.2022 15:03 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    Иако, процесот на е-услуги е започнат пред години, напредокот е скромен, до умерен. На почетокот на минатата година имало околу 150 целосно овозможени електронски услуги, додека во моментот кога е пишуван овој материјал има 184 такви услуги од над 1.300 според каталог и над 800 што се определни од државата да бидат ставени на владиниот портал. Ова, меѓу другото,  се наведува во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во јавната администрација насловен како: „Администрирањето“ со администрацијата – клучен предуслов за реформите, во кој се прави пресек на состојбата со реформскиот процес од 2021 година, заклучно со 31 март 2022 година

    Процесот на дигитални административни услуги споро се придвижува Фото: pixabay.com

    Во текот на  јануари и февруари 2022 г. одржани се  серија состаноци на надлежните во Министерството  за информатичко општество и администрација, како што е состанокот од 7 февруари со одговорните  на Управата за водење матични книги (УВМК), при што во фокусот биле „дигитализацијата на услугите и унапредување на процесот“. На оваа средба министерот за информатичко општетство и директорот на УБМК заклучиле „да се формираат работни групи што ќе ја анализираат постојната ситуација и да се преземат понатамошни дејства за остварување на целите“.

    Околу моментната состојба со улугите што ги нуди УВМК, нема сомневање дека треба да се разговара, ни потенцираа експертите. Според нив, дел од тие услуги што треба да функционираат електронски, функционираат со послаб квалитет отколку пред две години на пример, а причината не им е прецизно позната. Сепак, заменичката на народниот правобранител, која потврди дека имаат многу поплаки за услугите од УВМК, неодамна прецизно ја опиша можната причина и за УВМК и, генерално, за другите државни институции:

    Долго време работам во НП и можам да кажам дека сум и меѓу основачите на оваа институција и, за жал, можам да кажам дека и по 25 години од НП државните институции немаат култура за почитување на човековите права. Тие не се свесни дека треба да бидат сервис на граѓаните, а не сопственици на нивните права. (Сузана Салиу – ТВ „Телма“/Утринска програма – 9.03.2022)

    Во последниот Извештај на ЕУ за 2021 година во делот на услугите на администрацијата се наведува дека националниот е портал се надградува, што е охрабрувачки, но и дека државните институции „мора да покажат поголема посветеност за давање услуги преку националниот е-портал“. Истовремено се нагласува дека во многу полиња нема напредок:

    Употребата на електронски потписи за услуги за граѓаните и фирмите скромно се зголеми. Рамката за интероперабилност се зголеми во обемот, но потребна е политичка волја и финансирање за да го достигне својот целосен потенцијал. Голем број основни клучни услуги, како што се издавањето пасоши, возачки дозволи, школски свидетелства, регистрацијата на возила, значително се одложија и предизвикаа незадоволство кај граѓани.

    Според експерти од фокус-групата, три типа проблеми може да се издвојат. Првиот е електронскиот потпис, кој сега е скап, дури и за правните лица (преку КИБС тој чини 3.500 денари). Вториот проблем е менувањето на законите и бавноста на тој процес, кој често е зависен и од Собранието на РСМ. Третиот е инертноста на самата администрација и двојното толкување на законите, па така, иако според главните закони за дигитализација, тие од 2019 година, па и според ЗОУП, електронскиот документ треба да е полноважен, тој само некаде се признава, а некаде се бараат дополителни физички процедури на шалтерите или по архивите. Според друг експерт, пак, и сега електронскиот потпис што го издава КИБС не е прескап за физички лица, но како и да е, целиот тој процес треба да го води Единствениот национален регистер на населението. Претпоставка на експертот е дека се нема капацитет за тоа, па затоа овој процес ѝ е доверен на НБРМ.

    Што се однесува до електронскиот потпис, МИОА води разговори со компанијата МАСТЕРКАРД при што се бараат поедноставно и побрзо решение на овој проблем, при што неофицијално се споменува и грантирање или спонзорирање за повеќе илјади електронски потписи на физички лица за да се забрза процесот.

    Иако овој процес на е-услуги е започнат пред години, напредокот е скромен, до умерен. На почетокот на минатата година имало околу 150 целосно овозможени електронски услуги, додека во моментот кога е пишуван овој извештај има 184 такви услуги од над 1.300 според каталог и над 800 што се определни од државата да бидат ставени на владиниот портал. Како добри примери може да се наведат и дигиталните услуги што почна да ги нуди правосудството, кои во моментот се едни од најчесто бараните – потврди за неосудуваност или потврди дека нема судска административна забрана за вршење некоја дејност.

    Неколку дена пред крајот на март 2022 г., заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски изјави дека за годинава се предвидени нови 40-ина услуги:

    Во моментот во развој се 43 услуги и се очекува тие да се публикуваат на порталот во периодот јуни-септември 2022. Во рамките на овој проект, исто така, се развива Регистар на регистри, во кој ќе се чуваат податоци за регистрите на сите државни институции, независно од тоа дали се дигитализирани. Се набавува и опрема за 11 комуникациски клиенти, со кои на платформата за интероперабилност ќе се поврзат 11 нови институции.

     

    Дигитални услуги на локалната самоуправа

    Како процес што допрва претстои е зголемувањето на обемот на дигиталните услуги што ги нудат општините, т.е. локалната самоуправа. Засега тоа се одвива несистематски, кај неколку општини како пилот-проект поддржан со меѓународни средства, а самите општини многу бавно се вклучуваат. Преку здружението на локалната самоуправа – ЗЕЛС се нуди многу мал дел од услугите, на пример, издавањето градежни дозволи. Кај некои општини проблем се и кадарот и финансиите. Но кај други општини, како на пример и кај Град Скопје, во кои локалната самоуправа е со буџет од стотина милиони евра, едноставно постои инертност.

    Дел од експертите мислат дека не секогаш станува збор за кадровски или финансиски проблеми, туку за инертност од повеќе причини, а една од нив може да биде и од коруптивна природа, т.е. несакање да се ослободат од моќта за арбитрерното решавање на услугите на граѓаните „на шалтер“.

    Веќе е спомената и помошта од невладините организации, како што е таа на „Метаморфозис“, која работи со локалната самоуправа за дигитализација на податоците со кои располагаат општините а кои треба да се претворат во дигитални податочни сетови и да се стават на порталот Отворени податоци, но со тоа и да се унапредува и целосната дигитализација на опшштинската администрација која на крајот треба да резултира со што повеќе е-услуги.

    Забрзувањето на процесот на е-услугите на општините, според експертите, може да се случи и доколку се користи централниот портал Е-услуги, за што технички можности постојат, односно нема некоја посебна пречка и не мора да се чека целосна дигитализација на администрацијата на самите општини и осовременување на нивните портали.

     

     


    Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

     

     

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар