×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започнаа активности за изградба на велосипедски патеки во Струмица

    24.01.2022 09:30 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    ВЕТУВАЊЕ: Изградба на велосипедски патеки во Струмица

    [Извор:ТВ Канал ВИС – Струмица  Датум: 14.10.2021 г.]

    Започнаа активности за изградба на велосипедски патеки во Струмица Фото: Вистиномер

    ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

    За време на предизборната кампања за локалните избори кои се одржаа на 17 октомври минатата година, градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов вети изградба на велосипедски патеки како можност за поголема употреба на велосипедите како превозно средство, но и за растоварување на сообраќајниот метеж во Струмица. Реализацијата на ова негово ветување е во тек, досега (17.01.2022) обезбедени се средства  во висина од 750 илјади евра и на терен почнаа активности за изведба на патеките во рамките на проектот „Струмица паметен вело град“.

    Сведоци сме на сé поголемиот сообраќаен метеж во градот, како и високата циркулација на автомобили во централното градско подрачје кои создаваат емисии на штетни гасови во воздухот. Она што јас како иден Градоначалник ќе го преземам е стимулација на употребата на алтернативни решенија за транспорт, поконкретно – употреба на велосипеди. Оттука, во рамки на нашата програма предвидуваме реализација на велосипедската патека, кажа на прес-конференција Костадинов на 14 ти октомври минатата година во рамките на предизборната кампања.

    Станува збор за велосипедски патеки за кои веќе имаше изработено студија, но се бараа средства за реализација на целиот проект. Костадинов, месец и половина по изборот за градоначалник, на својот ФБ профил објави дека  парите во висина од 750 илјади евра се обезбедени и дека го потпишал договорот за грант од Еевропската унија

    Денес потпишав договор за грант од Европската Унија со вредност од 749.210,70 евра односно 46.063.500 денари. Тригодишен проект кој Струмица ќе го направи Паметен Вело Град. Следуваат уште многу проекти од страни извори на финансирање а со цел подобрување на секојдневието на граѓаните. Моите зборови не се само празни ветувања,  напиша Костадинов на 22 декември на својот ФБ профил.

    Општина Струмица ја ревидираше студијата и наместо 7 километри согласно обезбедените средства ќе се градат 13 километри велсипедски патеки. Истите треба да бидат долж булеварите во градот и ќе опфаќат дел од местата за паркинг за што одговорни екипи на терен ги почнаа подготвителните работи

    Првичниот проект беше 7,5 километри, но со добивањето на грантот ни се создава  можност да ја зголемиме должината на велосипедската инфраструктура на приближно 13 километри, пред се за булеварските решенија во Струмица од двете страни и ке го зафаќа просторот на паркинг местата, кажа Костадинов на прес конференција за отпочнување на проектот (видео 0,30 -0,55 сек)

    Проектот ќе се реализира во три фази при што во првата е предвидена велосипедска инфраструктура, а во следните се предвидува и набавка на 150 смарт велосипеди  кои струмичани ќе може да ги изнајмуваат.

    Граѓаните ќе имаат можност преку дигитална апликација да ги изнајмуваат велосипедите кои ќе имаат локатрои и со посебни возила, поставените велосипеди ке се преземаат од една точка и ќе се носат на местата каде ќе се изнајмуваат, кажа за МИА  Костадинов

    Имајќи предвид дека парите за обезбедени како грант од ЕУ, а на терен почнаа активности за изградба на патеките во рамките на проектот „Струмица паметен вело град’’,  ветувањето на градоначалникот Костадинов во моментот има оценка „во тек“.

    „Вистиномер“ повторно ќе се наврати на ова негово ветување, со цел да видиме како се одвива неговата реализација и дали и кога велосипедските патеки ќе бидат изградени.

    ИЗВОРИ:

     

    Оцени: Ване Трајков

     

     


    Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

     

     

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

    2008 - 2023 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk