×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Генералка викенд 2 и во Североисточниот регион

    06.05.2022 22:44 | Жаклина Цветковска

    Во големата еколошка акција ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2022, што ја организира „МЕН ЕНД МАУНТЕН“ од Австрија, во соработка со Пакомак и Пивара Скопје, се вклучија и општините од Североисточниот регион во кои се собираше отпад и се чистеа најкритичните локации.

    Генералка викенд 2 и во Североисточниот регион

    Акцијата ја поддржа и Општина Куманово, заедно со ЈП „Чистота и Зеленило“ и Кумановски акцијаши. Се чистеше на локациите: Градски кеј (од двете страни на реката Кумановка), потоа на најголемата дива депонија во градот на самиот влез во населба „Перо Чичо“ и околниот реон со колективни згради.

    Во акцијата учество земаа невладини организации, волонери, вработени во општинската администрација, ученици и други граѓани. Оваа еколошка акција има за цел да ја подигне јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпад, која позитивно ќе влијае во зачувувањето на животната средина.

    Во Крива Паланка, пак, во рамките на Генералка викенд, расчистени 59 локации во општината со вклучени над 400 учесници од 15-тина установи, организации, претпријатија, компании, и над 10-тина граѓански здруженија, спортски клубови и друштва.

    Во 2021 година, Крива Паланка беше прогласена за трета нај-еко општина во државата како резултат на бројни спроведени активности и проекти, состојба на животната средина, постапување со отпадот и подигнување и одржување на урбаното зеленило.

    Големи количини на неразградлив отпад денеска беа собрани и во Кратово од Старото градско подрачје, Карши бавча, кејот на Кратовска река, спортските и детски терени, дворовите на образовните институции, и други локации. Истовремено, се чистеа и депониите во селата Шлегово, Приковци и Туралево.

    Собраниот отпад од оваа сеопфатна еколошка акција ќе се транспортира до најблиската Пакомак или локална станица за отпад.

    Со секои 10 кг отпад се дава значителен придонес во засадувањето на нови пристапни шуми „Сончева Гора” како национални зелени споменици.