×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кратово домаќин на научен собир за фолклористика

    24.10.2023 17:24 | Жаклина Цветковска

    Изминативе денови Кратово пулсираше во духот на македонскиот фолклор. 

    Кратово домаќин на научен собир за фолклористика

    Околу 50 раководители на фолклорни ансамбли и нивни асистенти престојуваа во Кратово на семинар по фолклор во организација на Сојузот на фолклорни ансамбли на Македонија (СОФАМ) -   ЦИОФФ Македонија под раководство на проф. д-р Мирјана Мирчевска, редовен професор на Институтот за етнологија и антропологија во Скопје.

     „Општина Кратово како добар домаќин на учесниците им ги понуди сите потребни услови за успешна организација на овој голем научен настан“, велат од општината.

    Предавачи на семинарот беа стручни лица од областа на фолклористиката и тоа:  д-р Стојанче Костов од Институт за фолклор, м-р Благица Илиќ од ДМБУЦ„ Илија Николовски – Луј“ и Јовица Блажевски од Ансамблот Танец.