×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Крива Паланка и оваа година како од бајка - богато новогодишно украсена

    13.12.2022 15:13 | Жаклина Цветковска

    Крива Паланка од вчера има раскошно украсен Градски плоштад, Градски парк и централно подрачје, со безброј атрактивни новогодишни украси, а на предновогодишната магија најмногу се радуваат најмладите.

    Крива Паланка и оваа година како од бајка - богато новогодишно украсена

    Новогодишната атмосфера и украсувањето на градот , во услови на економска и енергетска криза, е помогнато од иселениците кои имаат успешни компании во Франција, САД и Германија. Благодарение на нив, општината нема потрошено средства од општинскиот буџет за оваа намена, а има богота украсен град.

    „Водени од  минатогодишната позитивна атмосфера и реакциите  на жителите и на посетителите од целата држава, кои ја  направија нашата општина атрактивен град за посета за време на Новогодишните и Божиќни празници, одлучивме и годинава без средства од општинскиот буџет, но со поддршка од иселениците, да договориме новогодишно украсување за празнично расположение“, вели градоначалникот Сашко Митовски.

    Минатата година Крива Паланка стана позната како еден од најубаво украсените градови во државата, па дури и скопјани ја посочуваа како пример, критикувајќи ја градската власт на метрополата дека не придонела за соодветна празнична амофера.

    Митовски најави дека и годинава на централниот градски плоштад ќе се одржи новогодишен базар со културно забавна програма за сите генерации и ги повика сите  кои се во можност  да донираат за  детската среќа и насмевки во пресрет на Новата 2023 година.

    „Сегогаш е задоволство кога работите  со љубов и затоа посебна благодарност до нашите иеленици кои со својата љубов кон родниот град носат убава енергија и среќа во заедничкото прославување на празничните моменти“, порачува  Митовски.