×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Макавејско лето во Герман со бројни балкански и македонски ѕвезди

    10.08.2023 15:35 | Жаклина Цветковска

    Бројни македонски и балкански музички ѕвезди ќе учествуваат на повеќедневната манифестација „Макавејско лето 2023“, која се одржува од 11 до 14 август во планинското село Герман, Општина Ранковце.

    Макавејско лето во Герман со бројни балкански и македонски ѕвезди

    Покрај богатата културно-музичка програма предвидени се и повеќе планинарски, авантуристички и друг вид спортско-рекреативни настани, велосипедски трки и кросеви, кулинарски и едукативни содржини со над 1000 учесници.

    Макавејско лето 2023 годинава ќе опфати: крос трка ЕНДУРО, рекреативно возење OFF ROAD, велосипедска трка ГЕРМАНИАКС 2023, пикник и извиднички камп со многубројни планинарски активности, Интернационален саем на храна и пијалоци ВКУСОТ НА ГЕРМАН, Меѓународен фестивал на танци и ора МАКАВЕЈСКО ЗДРАВОЖИВО, како и промоција на проекти за развој на рурален туризам со имплементација на еко систем и зелена градба, панел дискусии за заштита на животната средина, самоодржливоста и производството на органски земјоделски производи, Б2Б средби за малите и средни домашни компании со потенцијални инвеститори, претставници на програми за користење на фондови и грантови и друго.

    Во културно-забавниот дел има пограма за сите возрасти и вкусови од фолк и етно музика до современите и алтернативни трендови и музички перформанси.

    Меѓу главните ѕвезди од Србија се Славица Ќуктераш чиј настап е планиран за 12 август (сабота), а на 13 август (недела) настапува познатиот Амадеус бенд , исто така од соседна Србија.

    Од познатите македонски музичари на Герман планина ќе настапат Кирил Џајковски во рамките на Underneath фестивалот, на 11 август, кога ќе настапат и голем број други уметници, а настапот на младиот кумановец Мартинијан Кириловски и  THE SOLUTION се резервирани за 13 август.

    На свечената манифестација, која ќе се одржи на самиот верски празник Макавеј, на 14 август, ќе настапат голем број специјални гости од македонската естрада меѓу кои Благица Павловска, Блага Петреска, Ефто Пупиновски, Круме Спасовски, Злате Антевски и други.

    Празничнувањето и чествувањето на славата на селото Герман, ќе биде искористена и за потпишување на Договор за збратимување помеѓу Општина Ранковце и Општина Трговиште од соседна Србија.

    Организатор на меѓународниот фестивалот „Макавеи“ е Грин билдинг асоцијацијата од Куманово, со поддршка на Општина Ранковце, бројни компании и соработници, а се очекува да присуствуваат околу 50.000 посетители.

    Одбележувањето на Макавеј е од големо значење за овој крај и е симбол на опстојувањето и справувањето на жителите со сите предизвици од минатото. Посветен е на седумте браќа, маченици од Макавејскиот род, кои страдале со маченичка смрт, затоа што храбро ја бранеле својата вера. Според нив се прогнозирало времето и се планирале поважните работи, а овој празник се совпаѓа со започнувањето на Богородичините пости.

    Макавеј е слава на селото Герман , а со цел да се зачува традицијата и културното наследство, последните неколку години се организира повеќедневна прослава со богата културно-уметничка програма, која собира се поголем број посетители од земјава и странство.

    Манифестацијата во овој формат за првпат беше организирана минатата година и предизвика голема интерес и посетеност на жителите од Севериосточниот регион и пошироко.