×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Најдобрите франкофони во државата го посетија Париз

    25.07.2022 22:14 | Жаклина Цветковска

    Најуспешните професори по француски јазик од Македонија, кои учествуваа на натпреварот во организација на Фондацијата „Бел Идеал“, го посетија и престојуваа во Париз како награда за нивната досегашна работа во наставата и во промоција на франкофонските култури и цивилизации.

    Најдобрите франкофони во државата го посетија Париз

    „Француската метропола е една од најпосакуваните дестинации за сите туристи ширум светот, а градот на љубовта плени со својата убавина и раскош, како и со француската кујна, примамлива за вистинските гурмани. Благодарение на Фондацијата „Бел Идеал“ и претседателката Јадранка Бојковска Бенреждал, имавме можност да уживаме во убавините на Париз посетувајќи значајни места и активности кои се симбол на француската култура и традиција. Ова е награда за заложбите на професорите, но и начин да се стимулираат останатите професори да организираат активности за промоција на франкофонијата, вели професор Елена Николовска од ООУ „Јоаким Крчовски“, Крива Паланка, соработник на фондацијата „Бел Идеал“ во Македонија.

    Победници на натпреварот се Магдаленка Симовска од Пехчево, Билјана Начовски од Делчево, Ирена Наумовска од Прилеп, Мимоза Цека од Тетово и Елена Лазаревска и Анета Митевска од Скопје.

    Натпреварот се реализираше во две категории: професори кои имаат повеќе од 5 години практично искуство во наставата по француски јазик и професори со помалку од пет години работно искуство. Покрај достава на досиеја со докази за активности спроведени во периодот од јануари 2019 - 30 април 2022 година, професорите имаа и интервју на крајот на мај 2022 година со претседателката на фондацијата, Бенреждал, која се сретна со сите финалисти од повеќе градови.

    Елена Николовска од Крива Паланка, пак, е една од најистакнатите франкофони во нашата земја, која е одликувана со Орден - Витез од редот на академските палми, што го доделува Република Франција на професори и академици за вонредна посветеност во служба на францускиот јазик, култура и држава.

     

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk