×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Fiore

    Вработените во „Дрекселмаер“ засадија 1.200 садници во Жегљане

    21.11.2023 08:29 | Сузана Николиќ

    Волонтери вработени во компанијата „Дрекселмаер“ Куманово изминатиот викенд беа дел од акција за пошумување во реонот на селото Жегљане, каде беа засадени околу 1.200 садници од видот црн бор.

    Вработените во „Дрекселмаер“ засадија 1.200 садници во Жегљане

    Акцијата беше реализирана во соработка со ЈП “Национални шуми” подружница Куманово чиј стручен кадар овозможи техничка поддршка и соодветен алат за работа.

    Акцијата за пошумување е еден од начините да се подобри квалитетот на живот за општо добро, со обнова на природните живеалишта и екосистемите. „Дрекселмаер“ следејќи ја стратегијата за одржливост и заштита на животната средина продолжува во континуитет да спроведува волонтерски акции за пошумување во регионите кадешто делува со цел да даде свој придонес, но и поттик за подигнување на свеста за заштита и зачувување на животната средина.

    „Драго ни е што и годинава заедно со нашите вработени имаме можност да учествуваме во акцијата за пошумување. Шумите се важен дел од глобалниот јаглероден циклус, а со тоа и од животната средина. Сакаме да бидеме добар пример и заедно да направиме разлика”, посочуваат од менаџментот на „Дрекселмаер“ Македонија.

    И од јавното претпријатие “Национални шуми” подружница Куманово го искажаа своето задоволство во однос на волонтерскиот пристап во акцијата за пошумување од страна на вработените во „Дрекселмаер“.

     Ова е втора акција за пошумување на компанијата во кумановскиот регион, а во повеќе акции од ваков вид не само во околината на Куманово, туку и во близина на Кавадарци, Прилеп и Неготино засадени се околу 11.000 садници.