×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Земјоделците од Ранковце добија современ систем за наводнување

    29.08.2022 14:23 | Жаклина Цветковска

    Општина Ранковце доби современ систем за наводнување на Славишко поле, кој ќе обезбеди квалитетно и редовно наводнување на обработливите површини во Славишко поле. Со новиот хидросистем се решава долгогодишниот проблем на земјоделците и се создаваат услови за модерно земјоделство.

    Земјоделците од Ранковце добија современ систем за наводнување

    „Постоечкиот систем беше нефункционален, со минимален капацитет за наводнување од само 40 хектари. Сега, со новиот систем ќе се наводнуваат 200 хектари обработливо земјоделско земјиште, кое го обработуваат околу 500 домаќинства од селата Псача, Петралица и Гиновци“, истакна премиерот Димитар Ковачевски, кој присуствуваше на пуштањето во употреба на
    системот.

    Хидросистемот „Славишко поле“ е изграден со финансиска поддршка од околу 1,7, милиони евра, обезбедени од ЕУ, во рамките на проектот „Мали, нискотрошковни и еколошки прифатливи системи за наводнување“. Системот ќе ги користи водните ресурси на Крива Река и ќе им овозможи на земјоделците за 3 пати да го зголемат производството. Решавањето на проблемот со наводнување ќе придонесе и за зголемување на обработливото земјиште кое досега беше без вода, како и засадување на нови профитабилни земјоделски култури.

    „Системот ќе придонесе за рационално искористување на водата од Крива Река, со што се обезбедува достапна вода за наводнување на земјоделските посеви во текот на целата година, што ќе влијае на подобрување на земјоделското производство, во квантитет и во квалитет. Крајниот резултат е да се обезбеди што повеќе храна, особено за време на криза“, рече Ковачевски.

    Во изминатите пет години Министерството за земјоделсво, шумарство и водостопанство вложува во капитални инвестиции за изградба и реконструкција на брани и системи за наводнување чија вредност е близу 230 милиони евра, а за првпат е донесен и Национален план за производство на храна.

    „Системите за наводнување се клучен фактор за висок квалитет и род и ние континуирано инвестираме за создавање на современи услови за земјоделско производство. Во овие ситеми се инкорпорирани насоките за заштита на животна средина и рационално користење на природните ресурси,истовремено се штеди вода и нема загуби, истакна министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

    На свеченото пуштање на хидросистемот „Славишко поле“ присуствуваше и министрот за внатрешни работи Оливер Спасовски и други високи владини претставници.

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk