×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Зголемен капацитетот за уште 100 дечиња во градинката „Детелинка“ во Крива Паланка

    29.08.2022 15:57 | Жаклина Цветковска

    Објектот „Поточиња“, кој е дел од Детската градинка „Детелинка“ во Крива Паланка надограден е со пет занимални со  капацитет за згрижување на уште 100 деца.

    Зголемен капацитетот за уште 100 дечиња во градинката „Детелинка“ во Крива Паланка

    Во градинката извршена е надградба на кат и реконструкција на постоечкиот објект со вкупна инвестиција од 21.6 милиони денари, обезбедени од Министерството за труд и социјална политика и Светска банка, како и со кофинасирање од Општината од 3 милиони денари. 

    „Секое дете во кое се има можност да се инвестира во ран детски развој е дете кое ќе има поголема можност за успех понатаму во животот. Тоа е нашиот влог во иднината на овие деца. Грижата за децата е на високо место на агендата на Владата, која продолжува со политиките на унапредување на социјалната и детска заштита и постојано вложување. “, истакна премиерот Димитар Ковачевски, при посета на градинката.

    Капацитетот е зголемен за 105 деца со нови 5 занимални,а градинката е приспособена за нормативите за лица со попреченост, со тоалет за нив и има пристапна рампа.

     

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk