Одрони и излевање на реките во Крива Паланка Одрони и излевање на водата од речните корита на повеќе места регистрирани се на подрачјето на Крива Паланка, предизвикани од обилните врнежи во изминатите денови.
Спасовски во Крива Паланка: Инвестираме во стручна, опремена и ефикасна полиција Подобрувањето на условите за работа и опремувањето на полициските служби се дел од системските реформи што ги спроведува МВР за зајакнување на ефикасноста на полицијата и безбедноста на граѓаните, истакна министерот Оливер Спасовски при денешната посета на Крива Паланка, по повод завршните работи од реконструкцијата на Одделението за внатрешни работи.
Безмилосно се сечат шумите во Липковско, покажа истражувањето на „Евротинк“ Липковските села Белановце, Ваксинце, Слупчане, Липково и Матејче, се главни локации каде се врши нелегална сеча на шуми, покажало истражувањето на Центарот за европски стратегии „Евротинк“ на тема „Спротивставување на корупцијата во животната средина на локално ниво“.
Нашинец од Франција подари новогодишни пакетчиња на сите 300 ученици во Општина Старо Нагоричане Речиси триста новогодишни пакетчиња им беа поделени на учениците од сите одделенија во основните училишта во Општина Старо Нагоричане, подарок од нашинец од Франција.
Во Крива Паланка 31 ученик не може да следи онлајн настава Центарот за младински иницијативи ЦИК-ЦАК од Крива Паланка, во соработка со НВО Инфоцентар, организираше онлајн дискусија „Младитe и образованието во време на коронавирус“, на која учествуваа професори, ученици, психолози, како и претставници на граѓанскиот сектор и на локалните институции.
Актерот Гоце Тодоровски лауреат на 12-тото издание на МТФ „Свети Јоаким Осоговски“ Македонскиот актер Гоце Тодоровски ја доби наградата лауреат на Меѓународниот тетарски фестивал (МТФ) „Свети Јоаким Осоговски“, во Крива Паланка, која годинава се доделува по 12-ти пат за значаен придонес во областа на театарот и културата.
Распеано симитче по 6-ти пат во Крива Паланка Во Крива Паланка, по 6-ти пат, утре ќе се одржи Детскиот музички фестивал „Распеано симитче“, што го организира Цетарот за аудиовизуелни уметности од Крива Паланка, под покровителство на општина Крива Паланка и со поддршка на Министерството за култура.
Со гребeн асфалт се поправа патот кон манастирот Карпино Жителите на селото Сув Орав и околните села, со помош на ловџиите и планинарите започнаа со поправка на патот до манастирот Карпино.
Приведен кривопаланчанец, извршил тешка кражба во куќа во Илинден Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба, вчера го лишиле од слобода Н.В.(21) од Крива Паланка, поради сомнение дека на 1 ноември извршил тешка кражба во куќа во населба Илинден – Скопје.
Од недела влез во Србија само со негативен ПЦР тест за коронавирус Граѓаните на Македонија од недела 20 декември во Србија ќе можат да влезат само со негативен ПЦР тест за коронавирус, кој е направен во референтна македонска лабораторија, а не е постар од 48 часа.
Североисточниот регион има 18 локални инспектори на 200 илјади жители Во Североисточниот регион има само 18 лиценцирани инспектори кои ги покриваат надлежностите од инспекцискиот надзор во повеќе области, наспроти 256 инспектори во сите општини од државата.
Во Градскиот музеј Крива Паланка: Ретроспективна изложба на скулпторката Нела Јанковска Во Градскиот музеј на Крива Паланка отворена е ретроспективна изложба на академската скулпторка Нела Јанковска на која е сублимирано 30-годишното творештво на авторката.
Се уредува минор коритото на Крива Река во Крива Паланка Во тек се градежни активности за доуредувањето на дел од минор коритото на Крива Река, во Општина Крива Паланка.
СДСМ ќе бира нов претседател во општинската организација Липково До денеска трае повикот на СДСМ за самокандидирање на претседател на Општинската организација во Липково.
Јавна расправа за утврдување со отпад во Крива Паланка Јавна расправа на тема „Управување со отпад во Крива Паланка- услуги и соработка со граѓаните“, организираше РЦС „Спектар“, во соработка со НВО Инфоцентар, општина Крива Паланка и ЈП „Комуналец“, на ЗООМ платформата.
Отворена фабрика за производство на пилешко месо во Гиновце - ќе работат 3.000 работници Фабрика за производство на пилешко месо на конзорциумот на домашни и странски инвеститори „Интернешанал фреш фуд”, денеска беше отворен во село Гиновци, Oпштина Ранковце. Во новиот производствен капацитет ќе работат околу 3.000 луѓе.
Кога безбедноста станува политичка тема, а етничката поделба - политички капитал? Во Македонија често можете да слушнете како се зборува за меѓуетничките односи и политичката стабилност,... м-р Муарем Шакировски - Ганди