Вкупно 352 кандидати ја завршија дводневна теоретска и практична обука, која ја орегнизираше Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и територијалните противпожарни единици на Град Скопје.
Министерството за транспорт го поништи тендерот за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз и станици за полнење, откако надлежната Комисија утврдила дека единствената пријавена компанија...
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против К.П.(59), М.К.(41) и С.М.(38), сите од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Регионалниот пат Куманово - Граничен премин Пелинце, од понеделник до четврток, ќе биде затворен по неколку часа дневно поради одржување на велосипедски трки во рамките на Европската младинска олимпијада.
Српската фолк пејачка Светлана Ражњатовиќ и поп пејачот Саша Ковачевиќ, ќе бидат ѕвезди на вечерта на годинешната прослава на Денот на Крива Паланка, кој ќе се одржи на 29 и 30 август...
Предлог-измените на Законот за возила со кои се очекува да се олесни процесот на регистрирање на возилата денеска го поминаа собранискиот филтер во матичната Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика.
Од денеска до 31 јули трае електронското пријавување за сместување во државните и приватните студентски домови низ државава за академската 2025/2026 година за студентите од втора и повисоките години на додипломски студии...
Општина Старо Нагоричане и Црвен крст Куманово распиша оглас за обука на негувател/ка за помош и нега на стари лица, преку проектот – „За подобрување на социјалните услуги“, поддржан од страна на...
Автомобил целосно изгоре вчера во 14.30 часот, по верижен судир на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, во атарот на селото Војник, општина Старо Нагоричане.
Голем пожар предпладне избувнал во населбата Лозанови и село Градец, општина Крива Паланка, кој се шири со голема брзина од силниот ветар, и постои опасност да ги зафати куќите.
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 51-жител на Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Новосадска поп пејачка Наташа Беквалац ќе биде ѕвезда на фестивалот „Златни денови“, кој во петок и сабота ќе се одржи на градскиот плоштад во Кратово.