Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Барселона, актуелниот шампион во Европа и Шпанија ги зголеми своите приходи во период од јули до декември минатата година и со тоа оствари нето профит од 8 милиони евра.
Во соопштението на каталонскиот клуб се наведува дека во второто полугодие од минатата година приходите изнесувале 222,8 милиони евра, што е 19,7 % повеќе 2008 година.
За такви подобри резултати допринесоа новите спонзорски договори со телевизиската куќа ТВ3, Етисалт и Туркиш ерлајнс, а покрај тоа поголем приход е остварен и од продажбата на влезниците.
Расходите на клубот во период од јули до декември зголемени се за 27, 1 % и со 166 милиони колку што изнесуваа и во 2008 година пораснаа на 211 милиони.
До тоа зголемување дојде пред се поради ангажирање на нови и доста скапи играчи како што се Златан Ибрахимовиќ, како и поради зголемените бонуси за дури шест освоени титули во 2009 година.
Новите податоци покажуваат дека Барселона од година во година докажува дека може да се самофинансира и има развиено респектабилан модел на почитување