×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Fiore

    Бајрам Мамутовски освои златен медал и прогласен е за државен првак во јуниорска категорија

    27.11.2023 13:18 | Сузана Николиќ

    Боксерот Бајрам Мамутовски (17) од Куманово, член на „БК Куманово 84“ е прогласен за првак-јуниор на Македонија за 2023 година во категорија до 48 килограми од Националната боксерска федерација, откако викендов победи на Државното поединечно првенството во бокс во Штип.

    Бајрам Мамутовски освои златен медал и прогласен е за државен првак во јуниорска категорија

    Мамутовски во финалето беше подобар од охридскиот боксер Мартин Озменски и освои златен медал. 

    „Ова е само уште една потврда на квалитетот на  Мамутовски. Прогласувањето на државен првак за него ќе биде голема мотевација во понатамошните борби. Се испалтеше досегашниот труд и работа, која во наредниот период ќе биде поинтензивана, затоа што следната цел ни е учество на Евроспкото првенство и освојување на златен медал. честитки за храброста и борбеноста на нашиот малд боксер, пред кого е бласкава кариера“, вели неговиот тренер Самет Салиевски.  

    Тој вели дека интересот за боксот во Куманово се зголемува, и секојдневно доаѓаат млади на тренинзите. Негова желба е да се врати боксот во градот и да изградат нови имиња како некогашните олимпијци.