×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Четири медали за велосипедисти од Вело-М Куманово на првата велокрос трка во сезоната

    23.12.2022 11:13 | Оливера Пешевска

     Две први, едно второ и едно трето место освоија велосипедистите на клубот Вело-М од Куманово на првата велокрос трка за сезоната 2022/23 година што се одржа во Националниот парк Битола. На натпреварувањето учествувале над 40 спортисти во сите категории кадети, јуниори, сениори и мастерс.

    Четири медали за велосипедисти од Вело-М Куманово на првата велокрос трка во сезоната

    Прво место во кадетската група освоил Леон Милетиќ, првото во јуниорска категорија му припадна на Немања Пауновски, веднаш зад него со второ место во истата категорија е Валентино Петковски. За сениорите трето место освоил Александар Милошевски.

    По календарот на Велосипедската федерација на Македонија новата сезона започнува во декември, а завршува со трката „11 0ктомври“ што традиционално се одржува во Куманово.

    Почетокот на сезоната ветува добри резултати иако младите велосипедисти немаат стази и соодветни услови за тренирање.

    „Кога ќе дојдам од училиште веднаш почнувам со тренингот. Најчесто возам по стариот пат од населбата Карпош до граничниот премин Пелинце. Но, кога временските услови се добри и ќе се собереме неколку члена на тимот возиме и до Свети Николе, до манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка и други поодалечени места“, вели 17-годишниот Немања Пауновски.

     

    Немања е ученик во трета година во ОСТУ „Наце Буѓони“ и секојдневните спортски ангажмани не дозволува премногу да влијаат на школувањето. Досега има освоено 30 медаљи и 2 трофеи во националните натпреварувања и по една од Србија и Бугарија од меѓународните трки.

     Kако малечок бил прилично енергичен и темпераментен, па родителите го насочиле кон спортот за да го исфрли вишокот енергија. Случајно се вклучил во велосипедизмот, за да денес тоа му е главна преокупација. Покрај него во клубот се уште 6 члена.

    „Клубот Вело-М им ги дава велосипедите со кои тренираат и настапуваат на натпреварувањата, приватни спонзори обезбедуваат кациги и спортска опрема, дукс и хеланки, а на родителите се други поситни трошоци. И Велосипедската федерација учествува со исплата на симболични парични средства, не плаќаме котизации за натпреварувањата па неговото хоби и не е преголем товар за семејниот буџет“, задоволна Тања Пауновска, мајката на Немања.

    На официјалната табела на Велосипедската федерација на Македонија во јуниорска конкуренција на клубот Вело-М од Куманово припаѓаат три од првите 4 места. Почетокот на новата сезона ветува одлични резултати и во наредните напреварувања што селдуваат во новата година.

     

    2008 - 2023 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk