Мени

Денес второто полуфинале на Вимблдон

01.07.2011 11:35 | KumanovoNews

Денеска во 14ч. ќе се одигра второто полуфинале на Вимблдон помеѓу Новак Ѓоковиќ и Жо-Вилфред Цонга. После тој меч, Надал игра против Енди Мареј.

Денес второто полуфинале на Вимблдон

Денеска Ѓоковиќ ја има втората шанса да го преземе првото место на АТР листата. Со победа над Цонга, тој го зазема првото место од следната недела без разлика како ќе заврши дуелот Надал-Мареј, и исходот од финалето на Вимблдон.

Ѓоковиќ и Цонга се сретнаа седум пати, од кои Цонга е поуспешен со пет победи.