Ѓоковиќ го освои Вимблдон
Со денешната победа над Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ го докажа она што ќе биде официјално утре - дека е најдобар тенисер на светот. Освојувањето на Вимблдон и превземањето на првото место на АТП листата е продолжение на одличната сезона што започна оваа година.
На 125.финале Новак Ѓоковиќ беше поуспешен од Рафаел Надал со резултат 6:4, 6:1, 1:6, 6:3. Мала криза во играта на Ѓоковиќ се забележа во третиот сет, по што брзо се консолидира, и продолжи во ритмот во кој започна.
Ова е најдобриот ден во мојот живот. Тешко е да се опише со зборови што чувствувам сега, за овој триумф одсекогаш мечтаев. Мислам дека сеуште сонувам. Вимблдон е првиот турнир кој го гледав, прв кој одсекогаш сакав да го освојам - изјави Ноле кој успја да го подигне најпознатиот пехар, кој се доделува на победниците уште од 1886 година.