Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во спортската сала на економското училиште „Перо Наков“ во сабота, 11 мај завршува Втората кошаркарска лига на Македонија. Првин во 16 часот ќе се игра натпреварот за третто место на табелата, но најатрактивен за публиката ќе биде оној во 19.30 часот на кој тимот на МКК Куманово ќе се обиде да го потврди шампионскиот статус во лигата и без пораз ќе го заврши првенството.
Противник ќе биде екипата на Шкупи од Скопје, кои исто така изборија пласман во Првата кошаркарска лига од следната сезона.
Ние сите натпревари ги победивме и ја остваривме целта. Можеби малце сме емотивно испразнети, меѓутоа во спортот секоја победа е добредојдена. Нормално дека сакаме да победиме и во овој натпревар, иако мислам дека овој натпревар повеќе ќе има ревијален карактер“, истакна тренерот Марин Докузовски.
МКК Куманово во текот на сезоната 2023/2024 бележи 25 победи, на исто толку натпревари. Победата против скопската екипа Ангели, со што го заверија влезот во најелитниот ранг на натпреварување.
Успешната сезона во голема мера е заслуга на познатиот кошаркарски стратег Докузовски, кој се приклучи на екипата на почетокот на сезоната. Тој го прифатил предизвикот со една цел - да го врати Куманово што побрзо во првата лига.
Сакавме да протежираме некои млади играчи за кои мислам дека оваа година направија доста напредок во својата игра. Задоволен сум од сето она што го постигнавме затоа што направиме резултат кој што е за почит, се вративме брзо во првата лига. Покрај тоа дадовме шанса на некои играчи кои во минатото немале толку шанса да играат. Се надевам дека со тренинзи и со упорна работа ќе успеат да одат уште понапред и да станат еден од столбовите на кошаркарскиот клуб МКК Куманово“, - ја искоментира сезоната Докузовски.
Кошаркарите се задоволни од условите што ги имаат во клубот, од поддршката на стручниот шеф и работата со тренерите. Задоволни и горди од она што го постигнаа веќе се свртени кон она што ги чека, и на саботниот натпревар, но и настапот во најкавлитетната македонска лига.
И во саботниот натпревар очекуваме борба, како и во досегашните натпревари што се боревме и очекуваме да биде поволен резултатот по нашата екипа. И за првата лига, се надевам дека ќе формираме тим и ќе останеме што поголем број на играчи од оваа сезона. Ќе продолжиме да се бориме за да оствариме што подобар настап во најквалитетната кошаркарска лига во Македонија“, - изјави бекот Филип Стојановски.
Изразија очекување дека на саботниот натпревар ќе има многу публика, но и жалат што се уште не може да играат во Спортската сала, која има капацитет да прими занчително поголем број навивачи. Затоа пак се уверени дека прволигашката сезона ќе ја играат во реновирана сала.
Во меѓувреме, за екипата следува мини одмор, пред почетокот на интензивни подготовки за она што ги чека наесен.
Играчите ќе имаат мал одмор, заслужија. Ние од стручниот штаб тешко, не очекува многу работа. Задоволни завршуваме со она што го сработевме ова година“, заклучи Мартин Атанасовски, помошник тренер.