Куманово го победи Милениум

12.12.2009 00:00 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово, синоќа ја победија екипата на Милениум од Струмица. Со резултат од 75:59 кумановчани извојуваа уште една убедлива победа.

Куманово го победи Милениум

Домаќините во текот на целиот натпревар водеа со десетина поени, а најмала разлика беше четири поени. Најефикасен играч на натпреварот беше Далибор Димковски, а во моментите кога се одлучуваше натпреварот одлична игра прикажа и младиот Милош Нинковиќ. Со оваа победа Куманово ја зацврснува својата позиција на првите три места на табелата. И наредниот натпревар кумановчани ќе го играат со струмичани, но овој пат со екипата на АБА.

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk