×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановските боксери домаќини на Опен Балкан

    29.09.2023 13:01 | Сузана Николиќ

    Боксерскиот клуб „Куманово 84“ на 7. октомври ќе биде домаќин на новиот боксерски спектакл во рамките на Второто коло од новото регионално натпреварување во бокс Опен Балкан, кое за прв пат стартуваше оваа година.

    Кумановските боксери домаќини на Опен Балкан

    На овој настан ќе настапат боксери од  Србија , Албанија и Македонија.

    По тој повод нашиот клуб и градоначалникот на општина Куманово беа домаќини на првиот човек на Боксерската Федерација на Република Србија Ненад Боровчанин и на претседателот на Националната Боксерска Федерација на нашата држава  Фатон Салиху.

    На средбата кај градоначалникот на општина Куманово се разговараше за и околу самиот настан кој ќе биде вистински празник за љубителите на спортот , пред се боксот.

    Боксерското натпреварување ќе се одржи спортската сала на СОУ "Перо Наков" во Куманово со почеток во 18 часот .