×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановските ракометари од недела ја започнуваат борбата за опстанок во Супер лигата (видео)

    10.02.2024 13:55 | Оливера Пешевска

    Победи на најмалку 9 натпревари, од  вкупно 14 што ќе се играат во плеј аут фазата на машкото ракометно првенство,  ќе обезбедат опстанок во Супер лигата на Машкиот ракометен клуб Куманово.

    Првото коло е утре, недела (11 февруари) , кога локалниот клуб игра на домашен терен во салата на Средното економско училиште „Перо Наков“, со почеток во 17 часот.

    „Во плеј аут фазата ќе одиграме 14 натпревари, 7 во Куманово и 7 на гостување. За да опстанеме во Супер лигата би требало да победиме на сите натпревари на домашен терен и најмалку 2 до 3 на страна за да обезбедиме сигурен опстанок во првата лига. Добро работиме, добро се подготвуваме, во спортската сала на училиштето „Христијан Карпош“ имаме по два тренинга дневно“,  истакна еден од тренерите Миодраг Јовановски Црни, кој вели  дека, за жал,  годинава  од правата лига испаѓаат 5 екипи, бидејќи  нивниот број во Лигата се намалува од 16 на 12.  

    Инаку, кумановските ракометари обезбедија пет засилувања во тимот и очекуваат уште еден играч. Во подготвителниот период одиграа и четири пријателски натпревари, со половичен резултат- две победи и два порази, но задоволни се од она што го виделе на теренот и сториле во подготвителниот период.

    Оптимисти се и  играчите, кои вредно тренираат, внимаваат на препораките на тренерите  и се вложуваат во играта за остварување на што подобри резултати.

    „Се надеваме дека ќе одиграме доволно добро за опстанок во Лигата и ќе ги оправдаме очекувањата на Клубот. Секако, очекуваме  победа на првиот натпревар во недела на домашен терен “,  вели  едно од засилувањата на ракометниот клуб Куманово, Стефан Атанасовски, поранешен младински репрезентативец и играч на „Вардар“, кој е задоволен од пречекот на соиграчите и уиграноста на екипата.

    Во Машкиот ракометен клуб Куманово тренираат 23 играчи, а во првиот состав се 7 ангажирани ракометари од надвор и 9 локални, кумановски играчи, кои во клубот се од најмали нозе. 

    За претстојното првенство во Куманово се врати и Вучко Мрвовиќ, кој во минатата сезона настапуваше за кумановската екипа, а ангажирани се и Наум Костов, Михајло Стевовиќ, Милош Благојевиќ,Алекса Радичевиќ и Стефан Атансовски. Многу се очекува од искусните Уча Гамзардија (Грузија), Зоран Ѓурковиќ и Стефан Кимевски, стандардни играчи на клубот.

    Капитенот на екипата Давид Цветковски очекува и поддршка  од  8-миот играч- публиката, и се надева дека ќе ги следат во што поголем број натпреварите на домашен терен, во салата на Средното економско училиште „Перо Наков“.

     

    Кумановските ракометари од недела ја започнуваат борбата за опстанок во Супер лигата (видео)