×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Летниот караван на Црвена Звезда доаѓа во Куманово

    27.06.2023 15:20 | Сузана Николиќ

    На Градскиот плоштад во Куманово во сабота, 1 јули,  во 18 до 21 часот ќе се одржи летниот караван на ФК Црвена Звезда.  

    Летниот караван на Црвена Звезда доаѓа во Куманово

    „Караванот ја носи двојната круна освоена од првиот тим на ФК Црвена Звезда годинава, како и пехарот од Бари. На сите посетители ќе им се овозможи да се сликаат со пехарите и членовите на клубот. Тричасовната дружба ќе биде исполнета со песни и реквизити на ФК Црвена Звезда, а посебно задоволство се приказните на фановите и постарите навивачи, кои имаат спомени од Црвена Звезда и најмладите кои штотуку ја откриваат својата љубов кон клубот“, вели Емил Ташевски, организатор на манифестацијата во Куманово. 

     На настанот официјално се поканети и звездините легенди од овиe простори  Дарко Панчев, Илија Најдоски, Митко Стојковски и Перо Антиќ.

    Големиот летен караван за прв пат доаѓа во Македонија.