×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Марин Докузовски е нов тренер на Младинскиот кошаркарски клуб Куманово

    07.08.2023 13:06 | Сузана Николиќ

    Еден од најтрофејните македонски тренери Марин Докузовски е новиот тренер на Младински кошаркарски клуб Куманово, кој се натпреварува во Втората кошаркарска лига. 

    Марин Докузовски е нов тренер на Младинскиот кошаркарски клуб Куманово Фото: Augustas Didžgalvis - Wikimedia

    „Согласно амбициите на управата на клубот за развој на кошарката во Куманово и враќање на победничкиот дух и традиција на кумановската кошарка, Марин Докузовски ќе го предводи тимот во наредните 4 години.

    Клубот постои од 2018 година, а во состав на клубот има младински кошаркарски школи од 12, 14, 16 и 18 години кои работат на развој и создавање на нови локални кошаркарски таленти.

    Здружение кошаркарски клуб МКК Куманово (Младински кошаркарски клуб Куманово) се занимава со обука на деца и млади спортисти од Куманово за натпревари, унапредување и промовирање на кошарката во градот и подигнување на јавната свест за значењето на спортот и здравиот живот, а во своите редови има 230 кошаркари“, соопштуваат од клубот.

    (фото. Augustas Didžgalvis/Wikimedia)