Новицки ќе игра за Германија
04.07.2011 11:39
| KumanovoNews
Како што стојат работите, сега за сега Дирк Новицки повторно ќе ги брани боите на Германија, на Европското првенство во Литванија.
Поради лок-аутот, почетокот на НБА лигата ќе биде одложен, па германецот сето тоа ќе го искористи.
Изгледа дека ќе играм. Не сакам да на останатите им ја ускратам можноста да играат на Олимписките игри. Како сега стојат работите, ќе играм - изјави Дирк.
Новицки се надева дека ќе може да изигра уште три-четири сезони во Далас по што ќе се пензионира.