Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фудбалскиот репрезентативец Горан Пандев (26) во текот на јануари идната година ќе ги зајакне редовите на италијанскиот фудбалски првак Интер.
Според пишувањето на италијанските медиуми, Пандев во идниот понеделник ќе замине на лекарски преглед во Милано, и доколку ги помине ќе му биде понуден петгодишниот договор. Доколку го прифати ќе заработува околу три милиони евра годишно, плус бонуси по сезоната.
Службената потврда на трансферот би можела да уследи по отворањето на преодниот рок за фудбалерите кој во Италија почнува на 2 јануари.
Пандев беше ангажиран како напаѓач на Интер во период од 2001 до 2004 година, но не доби прилика да го покаже своето знаење, туку беше позајмуван во тимови од понизок ранг на натпреварувањата.