Мени

Продолжува доминацијата на Вело-М Куманово

04.07.2011 13:55 | KumanovoNews

Вчера во Куманово се одржа Државното друмско првенство на Македонија, на кое членовите на велосипедскиот клуб Вело-М ја потврдија двe децениската доминација на велосипедисмот во Македонија.

Продолжува доминацијата на Вело-М Куманово

Лошите временски услови не беа пречка за велосипедистите да ја одржат трката. Напротив, вчера беа остварени најдобри резултати во оваа трка, и ова е најбрзо извозена трка на оваа патека.

Сениорите и jуниорите возеа на релација Куманово-Кратово-Куманово во должина од 110 км, а кадетите, жените и мастерс конкуренцијата возеше на релација Куманово-Страцин-Куманово на 70км.

Трката започна од плоштадот во Куманово, а заврши на Градскиот кеј, а беа постигнати следните резултати.

Сениори:

  1. Стефан Петровски Вело-М Куманово- Титула Државен Првак за 2011
  2. Јозе Јованов - Енерџи Скопје
  3. Горан Кузмановски - Енерџи Скопје

Јуниори:

  1. Костадин Петров  МВК Велес - Титула Државен Првак за 2011
  2. Јахи Ибиси - Енерџи Скопје
  3. Гоце Радевски - Илинден Прилеп

Кадети:

  1. Никола Ѓјукиќ Вело-М Куманово - Титула Државен Првак за 2011
  2. Мартин Донев - Циколо Спорт Куманово
  3. Јован Јовановски - Еко Дром Охрид

Жени:

  1. Драгана Зафировска Вело-М Куманово Титула Државен Првак за 2011
  2. Емина Медина - Теута Куманово
  3. Михаела Величковска - Вело-М Куманово

Мастерс:

  1. Сашко Јосифовски - Електрика Кочани - Титула Државен Првак 2011
  2. Бајам Изаим - Вело-М Куманово
  3. Зоран Милковски - СринЦинМој Скопје

Трката беше одржана според програмата на Велосипедската Федерација на Македонија. За техничка организација  без задолжени Општински сојуз на спортови Куманово, велосипедските клуба Вело-М и Цикло-Спорт, под покровителство на Општината Куманово и градоначалникот Зоран Дамјановски, а за обезбедување на трката се погрижи МВР и Сообраќајната полиција на Куманово и Кратово.