×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ракометарите на Куманово со нов тренер и три засилувања

    16.01.2023 11:16 | Оливера Пешевска

    Игор Котевски, познат ракометар и поранешен тренер на Металург, е нов тренер на МРК Куманово. Тој доаѓа на местото на Љубиша Димковски, кој поднесе оставка пред завршување на 2022 година.

    Ракометарите на Куманово со нов тренер и три засилувања

    „Веќе е ангажиран нов тренер, а ни се придружија и 26-годишниот Никола Бечејац, црногорски ракометар Владан Кастратовиќ (25) и Зоран Ѓурковиќ (37) искусен играч и добар техничар. Со засилувањата се надеваме на многу подобри резултати отколку во есенскиот дел на првенството. Сега имаме една од поквалитетните екипи во Лигата“, изјави Марјан Милковски, претседател на МРК Куманово.

    Со овие засилувања Машкиот ракометен клуб Куманово се надева дека ќе обезбедат опстанок во Супер лигата. Клубот го напушти и Виктор Петковски, кој играше на позицијата десен бек.

    Полусезоната е завршена со 13 порази и една победа, но доволно да се пренесе еден бод во пролетниот дел и да се направи изненадување на националната сцена. Помладите категории пак остваруваат извонредни резултати - пионерите се првопласирани, кадетската екипа е втора, а младинската трета на табелите по завршувањето на есенскиот дел.

    „Ракометот е спорт број еден во Македонија, не е ниту фудбалот, ниту кошарката. Отсекогаш сме имале добри и талентирани играчи и огромна публика. И денеска салата на СОУ „Перо Наков“, каде ги играме натпреварите во сите 4 категории е секогаш преполна, за сите категории од ракометниот клуб“, дециден е Милковски.

    Инаку тренинизте се одржуваат во салата на ООУ „Христијан Карпош“ во населбата Перо Чичо, само најмалите т.н. „петлиња“ тренираат во училиштето „11 Октомври“. Сите трошоци за салата, опремата, котизацијата за напреварите, транспортните трошоци доколку се настапува во друг град и оброк за децата на гостувањата ги покрива клубот и родителите немаат никакви финансиски обврски. Сметаат дека и затоа имаат голем одѕив кај дечињата кои што сакаат да се занимаваат со спорт па така пионерите бројат 50-60 дечиња кои редовно се појавуваат на тренинзите.

    Во текот на следната недела пионерите и кадетите ќе одат на подготовки пред почетокот на полусезоната, повторно на товар на клубот. Во сабота заминуваат за Дојран каде на терените на спортско-рекреативниот центар Истатов ќе се работат кондициони тренинзи и ќе се разработуваат тактики за до крајот на првенството.

    Иако се надевале на поголеми финансиски средства од буџетот на општината, сепак и со доделените се трудат да направат што е можно повеќе за младите надежи и за градот. Приватни спонзорства во овие неизвесни времиња тешко се наоѓаат, но се надеваат дека ќе продуцираат квалитет и успех со што ќе го привлечат вниманието на финасиерите. Затоа што се она што се вложува во спортот и во децата знае и неколкукратно да се врати. Но, поддршката на граѓаните е неоспорна, а редовната публика докажува дека Куманово е желно за спортски настани кои ќе донесат радост и гордост на секој еден кумановец, велат од клубот. 

    2008 - 2023 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk