Расправа меѓу Надал и Мареј кој игра подобро „Про Еволушн“
30.06.2011 14:47
| KumanovoNews
Тенисерите Енди Мареј и Рафаел Надал се припремаат за својот полуфинален меч на Вимблдон околу тоа кој подобро игра „Про Еволушн“.
Воглавно играме Плејстејшн кога сме во ист хотел на турнирите. Овој пат тој играше со Дени, против Монако и мене и изгубија - изјави Надал.
Дени Валверд е помошник тренер на Мареј, а Хуан Монако е специјалист за земјена подлога на Надал.
Сега несака да игра. Изгуби неколку пати. Тој губи скоро секој пат - додаде шпанскиот тенисер.
Мареј на тоа додаде дека победува затоа што игра со стручњакот Монако.
Рафа не е толку добар кога игра Плејстејш, но игра со Хуан Монако и затоа победува - изјави британецот.
Навистина би ми одговарало кога би играле еден на еден - додаде Мареј.