Мени

Речица го освои „Видовден 2011„

28.06.2011 11:28 | KumanovoNews

 Фудбалскиот клуб Речица го освоји годинешниов пехар на Турнирот во мал фудбал „Видовден 2011„ што го организираше Обединетата српска заедница во Македонија, огранок Куманово.

Речица го освои „Видовден 2011„

Втора беше екипата на Карпош, а трети фудбалерите на Васе Старт. Турнирот го затвори претседателот на зедницата Часлав Јовановиќ, кој ги поздрави спортските екипи и гостите и им ги врачи пехарите, а КУД „Срма„ изведе културно-уметничка програма.

Вечерва со финалниот натпреват заврши традиционалниот турнир во мал фудбал, што беше дел од нашите активности во прославата на одбележувањето на Видоведен, голем и значен датум во историјата на српскиот народ, посветен на српските јунаци паднати во Косовскиот бој- рече Јовановиќ.

На затворањето на турнирот присуствуваа градоначалникот Зоран Дамјановски, пратеникот Оливер Спасовски, советникот Ѓорѓе Полиќ и други гости.