Мени

Србија повторно светски првак во ватерполо

27.06.2011 09:49 | KumanovoNews

 Ватерполистите на Србија ја одбранија титулата во Светската лига откако во финалето синоќа во Фиренца на завршниот турнир ја совладаа Италија со 8:7

 
Србија повторно светски првак во ватерполо

Со оваа победа Србија избори и пласман на Олимписките Игри во Лондон следната година, како и финансиска награда од 100.000 американски долари.

Во натпреварот за третото место Хрватска ја победи репрезентацијата на САД.

Втора сезона по ред во натпреварите од европските групи настапи и репрезентацијата на Македонија, која постигна една победа на пенали против Германија во Скопје. Македонија во групата беше заедно со селекцијата на победникот Србија.