×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Женскиот кошаркарски клуб „Куманово 2020“ - млада екипа со големи амбиции (видео)

    02.03.2024 09:29 | Оливера Пешевска

    Женскиот кошаркарски клуб „Куманово 2020“ моментално се наоѓа на четврто место на табелата на Првата женска кошаркарска лига на Македонија, со реални шанси да завршат како третопласирани до крајот на сезоната.

    Во тој поход им преостануваат уште 5 натпревари, а првиот од нив ќе го играат следната недела, на 9 март на домашен терен против екипата на „Баскет Кам“.

    Во составот на младата екипа се главно кошаркарки од Куманово, неколку од нив се средношколки, имаат три засилувања од странство и две се од други градови од земјава. Според начинот на кој работат, по 20 години од постоење на клубот, успејале да се изборат за пласман во првата лига што ги мотивира да продолжат посветено да работат.

    „Изненадувачки имаме доста висок пласман, со оглед на тоа што ова е нова, млада екипа. Јас и на почетокот на сите им реков, и на играчите и раководството на клубот дека треба малку време за да ова екипа се уигра и првите резултати ги очекувавме декември-јануари што се покажа како точно. До крајот на првенството имаме уште 5 натпревари во регуларниот дел, а подоцна ќе играме и во плејофот. Реално имаме шанси да завршиме и како трети на табелата“, вели тренерот Мартин Антевски.

    Тој додава дека кошаркарката во последните неколку години доста е сменета, со новите генерациите и доаѓање на помлади играчи се менува и начинот на игра. Денеска играта е доста побрза, се наоѓаат брзи начини на решавање на нападите, доста се трча. ЖКК Куманово, се чини успешно се прилагодило кон новите трендови. 

    „Секоја генерација си има свои придобивки, па и ние треба да се прилагодуваме и да се подобруваме. Единствено што можеме да сториме е да создадеме работна етика, воља и љубов кон кошарката, а тоа треба не води понатаму и да не влече погоре. Секоја акција е базичен услов за секој успех, ние го направивме првиот чекор, се собравме тука и сега секој нареден успех треба само да го надополнуваме“, објаснува Антевски.

    Тренерот вели дека сите тимови во лигата се засилени, имаат играчи од странство, репрезентативки, така да квалитетот на кошарката е дигнат за неколку нивоа. Клубот прави напори да создаде што подобри услови, а девојките не се штедат и тренираат напорно за да дојдат до поскауваната цел.

    „Играм на позиција бек. За полусезоната што ја играме имам големи надежи дека ќе стигнеме до третото место. Задоволна сме од условите во клубот, но мислам и дека од наредната сезона ќе имаме уште подобри услови, поголем буџет ако направиме резултат како што замислуваме. На паузата како засилување дојде Едина Муса, која исто така игра на позицијата бек, и мислам дека ќе направиме одлични резултати со неа“, потенцира капитенката Софија Норска.

    По завршување на регуларниот дел ќе се играат плејоф натпреварите за кога и се темпира екипата да биде во најдобра форма.

    Женскиот кошаркарски клуб „Куманово 2020“ - млада екипа со големи амбиции (видео)