ЖРК Куманово на пријателски натпревар со Јагодина
        23.01.2020 10:15
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Ракометарките на Куманово, во рамките на подготвителните натпревари, на 24 и 25 јануари ќе си ги измерат силите со екипата на ЖОРК Јагодина, Србија.
 
                  Натпреварите ќе се одиграат во Спортската сала на СОУ „Перо Наков“, на 24 во 19:30 часот и на 25 во 13:30 часот.
Овие натпревари се тест за подготвеноста на нашата екипа во пресрет на натпреварите од првенството и регионалната лига.



 
                   
                   
                   
                   
                   
                  




