„11 Октомври„ домаќин на регионалниот натпревар по англиски јазик
Основното училиште „11 Октомври“ вчера беше домаќин на регионалниот натпревар по англиски јазик „Spelling Bee“.

На натпреварот учествуваа ученици од петто одделение до втора година од средните училишта од Куманово, Крива Паланка и Кратово, кои успешно ги поминале училишните натпревари.
„Желбата и интересот за учество на натпреварот Spelling Bee е се поголем од година во година. На наше огромно задоволство двајца ученици од нашето училиште успешно ги поминаа клалификациите од регионалниот натпревар и ќе не претставуваат на државниот натпревар во Скопје. Тоа е ученичката Стефани Максимовска од VII б под менторство на професорка Јасмина Апостоловска и Андреј Денковски од V одд. од подрачното училиште во Долно Којнаре под менторство на професорка Славица Стојчевка, - изјави директорката Елизабета Костиќ.
На натпреварот учествуваа 250 ученици, а со помош на волонтерите од Мировниот корпус и наставниците по англиски јазик натпреварот беше успешно одржан.