42,67 излезност до 18.30 часот во Куманово
05.05.2019 17:36
| KumanovoNews
На избирачките места во Куманово до 18.30 часот, гласале 38.730 гласачи од вкупно 92.839 или 42,67 отсто.

Во Старо Нагоричане излезноста е 48,30 отсто или гласале 1608 гласачи од 3.333.
Во Липково 23,93 проценти или 6008 гласачи го оствариле своето гласачко право од 25.401 лице.
Изборите во трите општини поминаа во мирна атмосфера, освен во еден случај пријавен од МОСТ на гласачко место во Куманово, каде гласач сакал да го напушти изборното место без да биде напрскан со невидлив спреј.