500 пивтии за „Пивтијада„
18.01.2012 13:47
| KumanovoNews
Организаторите на традиционалната кумановска манифестација „Пивтијада„ здружението на граѓани „Карпино„ оваа година ќе приготват 500 чинии пивтии за потребите на утрешната вечер, но и за хуманитарни цели.

Пивтиите се варат во специјален казан во ресторанот „Грација„.
Вариме по 50 килограми буткици и по 30 коленици, ножиња и свежо месо, што значи вкупно 140 кила заире во 180 литри казан. Од тоа ќе добиеме 500 тањири пивтии- вели мајсторот за пивтии готвачката Добрила Илиевска.
Дел од пивтиите ќе се однесат во Домот на стари лица, лицата со посебни потреби, на рибарите и на гостите на Пивтијадата.