6 здравствени работници се заразиле со морбили во Куманово
Шест здравствени работници од Куманово од вкупно 67 во државата биле заразени од морбили. Од почетокот на епидемијата досега најмногу случаи 50 се регистрирани во Скопје, по 6 има во Куманово и Тетово, 2 во Кочани, и по еден во Гостивар, Кичево и Струга.

Од Центарот за јавно здравје Куманово велат дека станува збор медицински персонал од детското одделени, кои биле заразени на почеток на епидемијата.
„Заболени беа доктор, медицинска сестра, негователка, хигиеничерка и две лица од обезбедувањето на одделение. Тоа се случаи на почетокот на епидемијата, поради директниот контакт со заболено дете од мали сипаници. Нови случаи на заболени немаме помеѓу персоналот на инфективното оделение каде што сега се примаат пациентите, - вели епидемиолог Јадранска Стаменковска.
Докторката додава дека бројот на заболени од мали сипаници во Куманово постојано расте и достигна бројка од 65 лица од сите возрасти. Во Куманово веќе еден месес е прогласена епидемија на мали сипаници.