76 години од излегувањето на Вториот партизански одред
25.06.2019 09:33
| KumanovoNews
Сојузот на борците од НОБ утре во 9 часот пред споменикот во т.н. „Цекова бавча“ ќе ја одбележат 76 годишнината од излегувањето на јадрото на Вториот партизански одред.
Традиционално борците ќе положат свежо цвеќе на местата каде на 26 јули 1943 година излегле 11 партизани, кои за 2-3 месеци на планината Козјак го формирале позантиот Кумановски партизански одред, предводен од командантот Христијан Тодоровски Карпош.
„Ги повикувам сите граѓани кои сакаат да оддадат почит да дојдат да присуствуваат на свеченоста“, - изјави Цоки Ристовеки, од Сојузот на борците од Куманово.