Акција за помош на сиромашно семејство
Волонтерите од Црвен Крст Куманово ќе собираат хуманитарна помош, за сиромашно семејство од населбата Доброшане.

Семејството живее во катастрофални услови, куќата им е пред распаѓање и се немаат средства за основна егзистенција.
“ Ќе се прибираат средства со донации, од спортски натпревари, соседи, секој што сака може да помогне. Планираме да ја вклучиме и општина Куманово и се надеваме дека ќе ни излезат во пресрет“ - вели Сања Росевска од Црвен Крст.
За да ги промовираат хуманите вредности и да помогнат на заедницата, волонтерите ќе направат парк во училишниот двор во село Студена Бара и ќе засадат цвеќе и зеленило кај бунарот во дворот на црквата Света Мина.