Акција за пошумување на „Даштев рид“
06.03.2019 13:32
| KumanovoNews
Денеска беше спроведена акција за пошумување на локацијата „Даштев рид“, под Градските гробишта, во населбата „Гоце Делчев“.

Во акцијата се вклучија вработени од јавното претпријатие „Чистота и зеленило“, АРМ и Советот на Општина Куманово, како и ученици од средните училишта.
Од Општина Куманово апелираат до граѓаните да учествуваат во акциите за пошумување, за да се намали загадувањето на воздухот и да се зголемат зелените површини во градот.