×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ако не се продолжи мандатот на градоначалниците ќе дојде до колапс во општините

    10.05.2017 06:48 | KumanovoNews

    Заедницата на единици на локалната самоуправа (ЗЕЛС) побара од Парламентот најдоцна до петок, да најде решение и да го пролонгира терминот за престаник на мандатите на градоначалнитите и на советниците по 15 мај, за да не дојде до колапс во општините.

    Ако не се продолжи мандатот на градоначалниците ќе дојде до колапс во општините

    “ Околу 5.000 вработени во локалната самoуправа нема да примаат плата, над 10.000 вработени во јавни претпријатија и над 30.000 вработени во основните и средните училишта и градинките. Нема да се издаваат градежни дозволи, а може да се доведе во прашање и испораката на вода, собирањето смет, како и склучувањето бракови бидејќи официјални сведоци се членови на општинските совети. Ќе се стопира  и развојот на бизнисите и фирмите бидејќи нема да се издаваат Б интегрирани дозволи, а може да се случи да нема и улично светло“, изјави градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, претседател на ЗЕЛС на прес-конференција на која присуствуваше и градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановск,и како потпретседател на ЗЕЛС.

    Ќе се доведат во прашање функционирањата на општински јавни установи и тоа сите културни, образовни институции на локално ниво, противпожарната служба, спортски објекти и слично.

     Градоначалниците посочија дека проблемот може да се реши со измена на Изборниот законик во кој место прва половина на мај може да се уврди нов датум за локални избори.Таквиот предлог може да го поднесе група пратеници а да биде изгласан со просто мнозинство од 61 пратеник.

    Денеска Уставниот суд ќе ја разгледува иницијативата на Министерството за локална сампуправа за  одредени членови од Изборниот законик и од Законот за локална самоуправа кои се однесуваат на мандатите на градоначалниците и на советниците.