×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Актерката Александра Пешевска ја доби наградата „Ристо Шишков“

    14.09.2020 06:38 | KumanovoNews

    Александра Пешевска, актерка на Кумановскиот театар, ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 28 издание на Меѓународниот фестивал „Ристо Шишков“, во Струмица.

    Актерката Александра Пешевска ја доби наградата „Ристо Шишков“

    Наградата ја доби за улогата Кејт во претставата „Телефонот на мртовецот“ од Сара Рул, во продукција на театарот од Куманово во режија на Александар Ивановски.

    Наградата се состои од златен медалјон со ликот на патронот на фестивалот и парична награда во износ од 1.500 евра.

    „Жирито на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во состав Драшко Зидар, актер од Република Хрватска, минатогодишен лауреат на фестивалот и Тодор Кузманов и Гоце Ристовски, по опсежна анализа на секое актерско остварување поединечно, одлучи овогодинешнава награда да ја добие актерката од Театар Куманово Александра Пешевска“, - вели Сашо Тодоровски, директор на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

    Александра Пешевска во оваа ролја манифестира супериoрно актерско мајсторство со изразени психолошки валери, уверливо досегнувајќи ја зоната на внатрешна чувствителност, креирајќи сложен, но стамен лик распнат низ бурните времиња на човековото опстојување, лик што кореспондира со филозофијата на Исус, а кој живее овде до нас, со нас и во нас, - стои во образложението на жири комисијата.