Активни шумски пожари во липковско и кумановско
Во текот на вчерашниот ден регистрирани се два големи шумски пожари, едниот во селата Руница, Думановце, Белановце и Брест, а вториот во селото Орашац.

Пожарот во липковско на запалено сува трева и нискостеблеста мешана шума избувнал во 16,30 часот. Претставници од Шумското стопанство од 17 до 21.50 часот биле на гаснење на пожарот, а напомош била испратена и екипа на Противпожарната единица, но пожарот не бил локализиран. Поради непристапноста на теренот пожарот сеуште е активен.
Вториот пожар е пријавен во 17.45 часот во селото Орашац, каде било запалено дабова нискостеблеста шума. И таму пожарникарите биле до 22.30 часот, но поради мракот и непристапнoста го напуштиле теренот.
За двата пожари изестени се сите надлежни служби.