×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Албански државјанин фатен со пиштол на Табановце

    04.06.2013 12:22 | KumanovoNews

     П.Б.(37) од Албанија се обидел да изнесе пиштол од државата, но бил фатен на граничниот премин Табановце.

    Албански државјанин фатен со пиштол на Табановце

    Пријавениот, викендов на границата допатувал со автобус, кој сообраќал на релација Дебар – Виена, и при пасошка контрола пронајден му е пиштол со 12 куршуми,  сокриен во појасот. Патникот е приведен во СВР Куманово каде било утврдено дека нема документи за оружјето, кое требало да го однесе на негов пријател во Виена, Австрија. По спроведената истражна постапка од страна на Истражен судија од Основен суд Куманово на пријавениот му е одредена мерка притвор во таење од 30 дена.

     Кумановската полиција против П.Б. поднесе пријава за кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.