Авиони го гаснеа пожарот во Гошинце
26.03.2019 10:19
| KumanovoNews
Авиони биле активира да го изгаснат пожарот во непристапните терени на селата Гошинци и Лукаре.

Според МВР вчера во 10.40 часот било пријавено дека на патниот правец село Гошинце – Лукаре, Општина Липково, од левата страна на патот, настанал пожар на непристапен предел. Екипи од Шумското стопанство преземаат мерки за гаснење на пожарот, а од Центарот за управување со кризи информирале дека биле активирани и авиони за гаснење на пожарите на овој реон.