Aвтомобил излетал од патот, возачот тешко повреден
24.03.2019 09:40
| KumanovoNews
Едно лице е тешко повредено откако утринава со автомобил излеталo од патот.

Несреќата се случила во 4 часот по почноќ на булеварот „Трета МУБ“, кога патничко моторно возило “Сеат леон“ со кумановски регистерски таблици управувано од Б.П.(26) од Куманово излетало од коловозот. Со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.П. кој бил пренесен во Општата болница во Куманово.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.