Автомобил удрил во 9-годишно дете
04.03.2019 10:15
| KumanovoNews
Деветгодишно дете е повредено откако во него удрил автомобил во центарот на Куманово.

Несреќата се случила завчера попладне на улицата „11 Октомври“, кога Б.Ѓ. (28) со патничко моторно возило „Поло“ со кумановски регистарски ознаки, удрил во детето.
По незгодата возачот го однел детето во Кумановската болница, каде му се констатирани телесни повреди. Увид по овластување на Јавен обвинител од ОЈО Куманово извршиле полициски службеници од ПС Куманово.
Се работи на расчистување на случајот.