×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бањата Стрновац започна со работа

    29.07.2019 11:11 | KumanovoNews

    Општина Старо Нагоричане во која се наоѓа изворот, сама инвестираше во уредување на базените за да има минимални услови за посетителите кои доаѓаат во голем број

    Бањата Стрновац започна со работа

    Од минатата недела започна со работа инпровизираната бања Страновац. По темелно чистење и дезинфекција на базените и просторот околу нив од ЈКП “Козјак“ од Старо Нагоричане, бањата ги прими првите капачи.

    „Бањата работи веќе една недела. Водата редовно се испушта и се прочистува, бидејќи е проточна. За посетителите има соблекувални, паркинг за возилата, контејнер за фрлање на сметот.  Во текот на целиот ден 24 часа има наш вработен кој се грижи за редот и хигиената во бањата, - изјави Ненад Јакимовски, в.д. директор на ЈКП „Козјак“.

    Капачите од другите општини плаќаат симболични 50 денари за одржување на бањата, додека за мештаните капењето е бесплатно.

    Температурата на водата е 39,5 степени Целзиусови, а лекува ревматски и кожни заболувања. Благодатите на лековитата вода ја користат од 200 до 300 посетители дневно, најмногу ги има за викенд и во вечерните часови. Најбројни се кумановци, но и од околните општини во Североисточниот регион и од јужна Србија. Некои од граѓаните кампуваат во околната шумичка, други доаѓаат со автомобили и се враќаат откако ќе направат бања, а има доста и викендички во селото.

    Бањата Стрновац се наоѓа на 15 километри од Куманово, покрај самото корито на река Пчиња, во бујна вегетација и недопрена природа.

    Термоминералната вода во бањата Стрновaц, Oпштина Старо Нагоричане, никако да добие концесионер, иако со децении се ветува дека овој природен извор ќе се искористи за развој на бањскиот туризам во регионот.